По недобивањето датум за преговори

Заев на 29 октомври патува во Рим на средба со Конте, Италија се обидува да ја поправи грешката на Макрон

Премиерот Зоран Заев на 29 октомври оди на средба во Рим кај шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте. Италија најави дека повторно ќе го отвори прашањето за проширување на ЕУ.

Италијанскиот премиер, како што наведуваат медиумите, сака да ја исправи неправдата која ЕУ им ја нанесе на Македонија и Албанија со неодредувањето на датумот за преговори на Самитот во Брисел, и му упатил покана на Заев да се сретнат пред новиот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи на 19-ти ноември.

Премиерот на Италија рече дека Рим ќе предложи Европската Унија во ноември повторно да ги почне преговорите за проширување на блокот за вклучување на Албанија и Северна Македонија, откако ЕУ го блокираше почетокот на преговорите со двете балкански земји.

Италија ќе го наметне прашањето кое засега не добива „зелено светло“ на новиот министерски состанок, кој ќе се одржи на средината на ноември. Враќањето на маса на ова прашање би значело отворање дебата меѓу земјите членки на ЕУ и нова можност за консензус откако Македонија не доби датум за отворање преговори на Самитот на европските лидери во Брисел.

За информациите дека постои иницијатива од Италија да се врати прашањето за Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев синоќа за ТВ Алсат изјави: „Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите".

Заев рече дека оваа иницијатива на Италија била поддржана и од други премиери.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе