Светски економски форум

Заев на 24 јануари ќе се сретне со Ципрас во Давос

Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Реал, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.

„Алексис Ципрас ќе се сретне со премиерот на Скопје, Зоран Заев на 24 јануари, факт што ги потврдува информациите дека за време на средбата Коѕијас – Димтров во Солун, постоеше голем напредок. Според истите проверени информации и независно од тоа што се уште не постојат соопштенија, во швајцарското одморалиште, истиот ден ќе пристигнат и министрите за надворешни работи на двете земји", пишува реал.гр.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе