По денешната лидерска средба

Заев: На 12 април 2020 предвремени избори

Предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година. СДСМ побара предвремени парламентарни избори да се одржат на 22 или 29 декември. На ова реагираа претставниците на  ВМРО-ДПМНЕ и побара друг термин, во март или април. На крајот постигната е согласност за 12 април. Лидерите на политичките партии се согласија дека наредната година треба да се спроведе и пописот, но по завршување на предвремените парламентарни избори.

„Имаше точка е дискусија околу лидерството на државата после историската грешка од Брисел. Едногласен став е дека евроатланските интеграции се наша цел , не прифаќаме никаква замена и остануваат како аспирации. Ја поздравувам одлуката и остануваме на патот кој што носи демократија и владеење на правото. Втората точка беше предвремени парламентарни избори. Како предлог го дадовме 22 или 29 декември да одиме веднаш на озбори и брзо во еден период кога нема ништо драматично ќе може народот да си го каже својот став. Имаше реакција дека нема 100 дена Влада, па потоа предлози 29 март, 12 април, 29 април. Постигнавме консензус за изборите да бидат на 12 април,2020 година.", изјави Заев по лидерската средба кај Пендаровски. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе