Премиерот упати честитка преку ФБ-профилот

Заев: На 11 октомври 1941 почна впишувањето на македонската држава на мапата на нациите

На денешен ден нашите сограѓани од Куманово и Прилеп го означија почетокот на впишувањето на македонската држава на мапата на нациите во светот, вели меѓу другото претседателот на македонската влада Зоран Заев во честитката по повод празникот 11 Октомври.

На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот, објави на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

„Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации. Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!“, стои во честитката на премиерот Заев по повод денешниот државен празник.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе