Од Гостивар

Заев му порача на Таравари да го гледа здравството, од гостиварци побара поддршка за Бејта

Премиерот Зоран Заев вчера во во Гостивар побара поддршка за кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта и додаде дека секој треба да си гледа својата работа порачувајќи му на министерот за здравство и противкандидат на Невзат Бејта во вториот круг, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците да го гледа здравството. 

„Единстевниот концепт кој има иднина во Македонија е заедно, сплотени и здружени. Само така може Гостивар да оди напред, само така може и Македонија да оди напред. Доста ни е од делби и поделби во државата“, рече Заев во Гостивар.

Во неговото обраќање, Заев, директно ја побара поддршката на гостиварци за да гласаат за Невзат Бејта кандидатот на ДУИ во вториот круг.

„Јас сум дојден да побарам поддршка за Невзат Бејта, но и да дадам збор. Знам дека ако добие поддршка од централната власт тој ќе направи Гостивар да сјае. Барајќи поддршка за Невзат Бејта ви ветувам дека ќе ја имате поддршката на Зоран Заев, на Владата и на мнозинството во парламентот. Стоиме целосно зад проектите во програмата на Бејта. Мораме заеднички да го градиме концептот едно општество за сите“, рече Заев.

Напомена дека главните проекти, како решавањето на проблемот со депонијата, булеварското решение на „Браќа Ѓиноски“ и други покрупни инфраструктурни зафати ќе добијат директна поддршка од државата.

Лидерот на СДСМ се осврна и на кандидатурата на министерот за здравство и противкандидат на Невзат Бејта во вториот круг, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

„ Од другата страна имаме кандидат кој е министер во мојата Влада. Знам и дека кандидатурата на Арбен, и на Бејта не му по ќеиф. Ајде да постигнеме договор во Гостивар и предлагам: секој да си ја гледа својата работа. Јас премиерската, докторот да го гледа здравството, а Невзат да си ја води општината. Општината не ја познава никој подобро од него“, додаде Заев.

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе