Премиерот на новинарско прашање

Заев му порача на Мицкоски дека секогаш е подготвен за избори, но ќе оди на редовните во 2020

Премиерот Зоран Заев откако јавно повика на лидерска средба, на новинарско прашање околу тоа дали поради ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека за лидерската средба опозицијата има само една точка, односно предвремени парламентарни избори, може средбата да не успее, рече дека средбата се свикува за да се разговара за сериозни прашања. За предвремени парламентарни избори Заев го повтори истиот став, односно дека останува на тоа дека треба да се оди на редовните избори во 2020 година.

„Не само тие и ние сме подготвени секогаш за предвремени парламентарни избори, и на есен и на пролет, Но, јас останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. До сега видовме каде не однесоа брзи и предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата. Релациите со ДУИ се одлични и верувам дека со кадровските решенија овие денови ќе привршиме. Лидерските средби треба да се користат за се што е важно за учесниците во овој процес, како и за граѓаните. Ако требаше да одиме на предвремени парламентарни избори, ќе одевме заедно со претседателските. Редовните избори се во декември, 2020 година, но за мене тоа се редовни избори и да се одржат во октомври. И јас и Мицкоски имаме обврски за важни прашања и уште рана пролет и есента лани рековме дека ќе се навратиме на Изборниот законик , и го вративме стариот дел за да го пребродиме овој дел, да завршат претседателските избори, и потоа да разговараме за нов Изборен законик, а отворено е и прашањето за изборен модел. Наша одговорност е да разговараме за нови изборни модели кои би биле демократија плус", рече Заев како одговор за новинарско прашање.

Премиерот Заев посочи дека оваа средба се повикува токму поради тоа да се разговара за сериозни прашања кои треба да се решат.

„Една од ретките земји сме што нема попис и за тоа мора да се преговара, Законот за јавно обвинителство е нешто кон кое сите имаме обврска ако сакаме правна држава, а во него е вградена и судбината на СЈО. Таа обврска ја имаме сите пред се дома", додаде Заев.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе