Заев му порача на Груевски да си дојде дома и да дискутираат за тоа што има да каже

Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира објавата на Фејсбук на неговиот претходник од Будимпешта.

Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне, многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

„Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може експремиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата“, подвлече Заев.

Според премиерот, се што почна минатата Влада и што е добро, сегашната го продолжи.

„Скопје 2014" не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс".

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе