Предвремени парламентарни избори

Заев: Можеме, и тоа како можеме, победивме со над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред малку на прес-конференција прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори.

„Успеавме со убедлива и стабилна предност во моментов со над 3 пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ со можност за уште еден или двајца пратеници повеќе. Нашата коалиција ‘Можеме‘ е победничка коалиција на овие парламентарни избори. Најразноликата и победничка, тоа е ‘Можеме‘. Волјата на народот се потврди, излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина за ред и правда

Избраа подобро денес и подобро утре“, рече Заев.

Според него, последните податоци покажуваат дека СДСМ во моментов има 49 мандати, наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 46.

Пред насобраните поддржување и придружуван од сите носители на листи на коалицијата „Можеме“ додаде дека патот напред е потврден и, како што рече, „на опасноста и кажавме јасно НЕ“.  

Според Заев, изборите биле како што ѝ доликува на земја членка на НАТО и земја која ќе преговара со ЕУ. Изборите, како што рече, биле мирни, достоинствени, слободни и демократски, безбедни и современи.

„Почитувани граѓани вие сте победници, бидете горди, денес победи иднината победи напредокот“, додаде Заев.

Патот, како што вели, е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште подобро.

„Ќе продолжиме тоа да го правиме и во иднина, со многу научени лекции зад нас.  

Следува правда. Поддршката е уште една шанса за правда“, рече Заев.  

Според него следува уште поголема грижа за сите граѓани , следат преговори со ЕУ и последното – следува правда.

„Тивкиот став на оние што не излегоа го слушнав и им порачувам – ќе има правда. И својот став да го кажат веќе на следните избори. Ќе работиме макотрпно за да дојде правда за секого. Економија, правда… Тоа го баравте од нас, тоа ќе го испорачаме. Повеќе пари и повеќе ред во државата, тоа го можеме. Ќе градиме уште потранспарентни институции, уште поодговорна власт. Ова ќе биде влада на граѓаните, потоа на партиите. Ќе изградиме слободна, демократска, граѓанска, економски развиена држава, етаблирана членка на НАТО и во преговори со Европската унија. Тоа е нашата цел, патоказот што го барав, а вие јасно го потврдивме со вашиот глас. Одиме кон создавање нова, силна и уште поцврста влада посветена единствено на граѓаните“, порача еуфорично Заев.

Запрашан со кого ќе прави влада, Заев рече дека треба да се почекаат крајните резултати за таа одлука. Тој уште кажа дека очекувал Мицкоски да ја преземе одговорноста и да се обрати по поразот.

„Вечерва се е јасно, имаме чисти три мандати предност и во такви околности, со можни уште два мандати, кога одржавме лекција како се гласа во земја членка на НАТО, дека сме кадарни да бидеме Европејци и да гласаме за европски вредности, во такви околности знаеме што се очекува од Мицкоски“, рече Заев.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе