Заев: Мора да ја сузбиеме корупцијата, никој не смее да е над законот

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните, пишува премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Правдата, еднаквоста и слободата, како што вели, се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата и затоа со примена на европските стандарди во справување со корупцијата Владата води битка преку зајакната и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна Државна комисија за спречување корупција и нула толеранција при откриени злоупотреби.

„Градиме систем кој одвраќа од злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Ги јакнеме институциите, ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања.

Граѓаните се чувствителни особено на злоупотреби од страна на носителите на јавни функции и токму затоа оваа Влада, како претставник на овие интереси на граѓаните, во својот состав има заменик-претседател, меѓу другото задолжен и за борба против корупцијата и криминалот“, вели Заев.

Тој уште порачува дека никој не смее да е над законот, секој треба да работи со интегритет.

„Секој ден внесуваме европски стандарди дома, за Северна Македонија да ја направиме земја во која граѓаните сакаат да живеат и која ќе ја препознаваат како земја во која владее правото. На тој пат мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес“, додава Заев.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе