Заев-Могерини: Неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо кон еврoинтеграцијатa

За стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција, се согласиле премиерот Зоран Заев и потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини на состанокот на маргините на денешната конференција на шефови на држави и влади за Западен Балкан во Берлин.

Како што соопшти владината прес-служба, Договорот од Преспа, за време на разговорот беше потенциран како успешен пример и одлична вест која регионот ја испраќа кон Европа, а беше потенцирано и дека денешната Конференција, меѓу другото, има цел да ги слави придобивките за регионот од Договорот.

На средбата на која присуствуваше владината делегација предводена од премиерот Заев во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, се наведува, беше поздравен успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и беа изразени уверувања дека постојат услови за успешен втор круг и за исполнување на потребниот цензус за вториот круг.

Како позитивен резултат на полето на внатрешната интеграција на Северна Македонија беше потенциран воспоставениот политички дијалог меѓу власта и опозицијата за време на носењето на уставните измени за Договорот од Преспа, како и за реформските закони со кои се подобрува работењето на институциите и се воспоставуваат европски стандарди во земјата, стои во соопштението.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе