Предвремени парламентарни избори

Заев: Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари

 На граѓанската трибина којашто се одржа на Пониква, носителот на листата во ИЕ4 на коалицијата „Можеме“ Зоран Заев  зборуваше за остварените економски резултати и промените на економски план, а се осврна и на мерките од понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„12.000 стечајни работници денеска зимаат стечаен надоместок. Ја донесовме одлуката за повозрасните луѓе да земаат државна социјална пензија. Денеска 6.600 граѓани добиваат државна социјална пензија. Планираме да ја прошириме мерката и да земаат уште повеќе луѓе кои што се социјално незгрижени. Не беше лесно, требаше храброст да се зголеми социјалната помош за 300%. ВМРО – ДПМНЕ и голем број критичари велеа да не ја зголемуваме минималната плата бидејќи ќе предизвика отпуштање на работниците и затворање на фабриките. Од 9.000 денари прво на 12.000 денари, па на 14.500 ја зголемивме платата. Во мандатот пред нас минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари тоа е 120 отсто од 9.000 денари колку што беше за време на 11 години владеење на режимот на Груевски. Просечната плата од 22.300 ја зголемивме на 27.2000 денари. Ако за две и пол години успеавме за 5.500 денари, во новиот мандат ќе ја зголемиме уште повеќе. Затоа излегуваме со ветување просечна плата до крајот на 2024, до крајот на следниот мандат од 34.000 денари“, рече претседателот Заев.

Заев рече дека во источниот дел на земјава се гради како никогаш до сега и ја наведе изградбата на браната Речани во кочанскиот регион како значаен проект за наводнување на 1/3 на земјоделските површини од овој крај.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе