Заев: Мијалков се пријави во Обвинителството, правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто

Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук-профил информира дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството за организиран криминал и оти обезбеден е неговиот домашен притвор.

„После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!“, напиша тој.
 
Заев посочува дека ќе следува и негова изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе