Заев: Мицкоски претера, можеби ќе го тужам

Вчера првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изнесе индиции и за убиство, овие изјави се претерани, ја разгледувам можноста и за тужба, изјави попладнево претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Јас сум од крв и од месо, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам забегана работа. Се претера. Јас сум бил во притвори, пред притвори, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бомби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост или сл. Тоа зборува за него, но најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и што е во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Заев.

Тој изјави дека не е целосно запознаен со одлуката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната пратеничка група дека ќе го замрзнат учеството во носењето на системските закони, за што причина се случувањата со правосудството, но смета дека е важно опозицијата да учествува во реформските процеси.

„Важните работи за државата треба да се случуваат заедно. Премногу важни работи во РСМ се случија без опозицијата. Не треба да дозволи опозицијата и понатаму важните политички процеси за нашата заедничка земја да се случуваат без најголемата опозициска партија без разлика дали се тоа реформите, процесите во Собранието или какви било други процеси“, рече Заев.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе