Софија

Заев-Mеркел: Aко Македонија не го добие заслуженото признание, настапуваат ретроградните сили

Што ако Македонија не ги добие заслужените признанија и доколку се успорат процесите за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ, беше една од темите на денешната средба меѓу премиерот Зоран Заев и канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел.

Такво сценарио ќе ги закочи реформските процеси, ќе ги охрабри ретроградните политички сили и ќе отвори простор за инволвирање трети страни што може да предизвика нарушување на стабилноста, се вели во соопштението на Владата на Македонија од средбата .

„За да се елиминираат овие можни закани, успешната приказна на Република Македонија треба да продолжи и оваа година со храбри одлуки што треба да дојдат од ЕУ и НАТО.

Република Македонија со активности на прогресивните политички сили во земјата направи квантен скок и од „заробена држава“, се врати на патот на демократските процеси за реформи во земјата и за интензивирање на евро-атлантската агенда.

Премиерот Заев подвлече дека големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива и дека тоа потврдува дека граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и дека заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото.

Премиерот Заев истакна дека е убеден дека СР Германија ќе ја посвети својата поддршка за датум за преговори на претстојниот Самит на Европскиот Совет во јуни, и дека се надева дека на поддршката на Канцеларката Меркел во разговорите со останатите премиери на земјите членки на ЕУ.

На средбата уште еднаш беше реафирмирана досегашната исклучително плодна соработка меѓу Република Македонија и СР Германија, која во изминатата година се потврди со вкупната трговска размена во висина од 3,6 милијарди евра.

Премиерот Заев на средбата со канцеларката Меркел ја издвои како особено значајна за регионот иницијативата Берлински процес, од која произлегуваат голем број проекти за економско и останато поврзување на земјите од Западен Балкан, кои, истовремено, ги подигаат капацитетие на земјите од регионот во приближувањето на нивните стандарди до оние на ЕУ“, сопшти владината служба за информирање.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе