Заев: Македонскиот јазик е јазикот на Македонците насекаде во светот, во дијаспората и дома

Македонскиот јазик е јазикот на Македонците насекаде во светот, во дијаспората и дома. Тоа е официјалниот јазик признаен од целиот свет. Тоа е дел од идентитетското прашање, како што е македонскиот народ со својот идентитет вграден во Уставот. Македонски јазик и Македонци блеска во личната карта на ОН. Таму сме регистрирани без ѕвезда, без фуснота, без ништо. Конечно е потврден идентитетот од сите. Македонскиот јазик е јазик на Македонците и во Австралија, Америка, Канада и во Швајцарија и во Германија и од никого повеќе не е оспоруван.

Ова вечерва го истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во ТВ-дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Само вистина" на Канал 5. Сите сме свесни, посочи, дека без Договор со Грција нема НАТО, нема ЕУ.

„Сите граѓани дали се во Воден, Солун, во Кавала, каде и да се, Грција треба да си каже дека имаат право на друг јазик, каков јазик зборат и сл. За нив е грчкиот официјален јазик. Го почитуваме нашиот јужен сосед, ги почитуваме неговите уставни норми што ги има и тоа значи внимателност кон прашањето. Секаде во дијаспората Македонците зборуваат македонски јазик, дома Македонците зборат македонски јазик, службен и официјален јазик е македонскиот јазик. Ние сме македонски народ покрај Албанците, Србите, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците“, рече Заев.

Тој истакна дека Илиденска Македонија било прифатливо и од него и од грчкиот премиер Алексис Ципрас, било одбиено дома од опозицијата. Појасни дека претседателот Ѓорге Иванов дал позитивни насоки и на лидерската средба и во своето соопштение, а од грчка страна исто така тоа било одбиено.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе