Конференција во Софија

Заев: Македонија може да биде транспортен центар на Балканот

Македонија сака да учествува во сите регионални проекти и може да биде транспортен центар на Балканот зашто преку неа поминуваат два важни коридора, 8 и 10, изјави истакна македонскиот премиер Зоран Заев на  меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија.

Заев рече дека преку Македонија со Коридорот 8 се поврзуваат Црното и Јадранското Море, односно Бугарија и Албанија, а со Коридорот 10 Грција и Централна Европа. Тој очекува соработката во регионот и неговото приближување кон ЕУ да биде уште повеќе забрзано за време на претстојното претседавање на Бугарија со Унијата.

Конференцијата ја отвори бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој повика на поголемо единство на земјите од регионот што, според него, ќе ја забрза неговата евроинтеграција.

„Имаме ретка шанса да ги убедиме колегите во Брисел дека ние носиме и мудрост, а не само проблеми. Историјата си е историја и има кој да ја коментира. ЕУ ќе не разбере само ако ние покажеме единство. Европа си има доволно проблеми со Брегзит и не ѝ се потребни нови. Ние треба да настапиме пред Брисел со добри инфраструктурни проекти, со коридорите 8 и 10 и со проекти за дигитална инфраструктура“, рече Борисов.

Главниот извршен директор на Светска банка Кристалина Георгиева најави дека Банката е подготвена да издвои 200 милиони долари за проекти за развој на трговијата и транспортот на Балканот. Таа истакна дека има огромен потенцијал во интеграцијата на земјите од регионот што може да почне да се покажува уште со претстојното бугарско претседавање со ЕУ.

Светска банка, како што наведе, ќе се фокусира посериозно на транспортниот и на ИТ- секторот во регионот.

Албанскиот премиер Еди Рама, очекува најавените проекти предвидени со Берлинскиот процес, да станат реалност, а не да останат само празни ветувања.

Српската премиерка Ана Брбнабиќ, пак, кажа дека Белград е насочен кон соработка со земјите во регионот, а како приоритет за Србија го посочи завршувањето на Коридорот 10.

На конференцијата во Софија се разговара за гранични олеснувања во регионот, за интензивирање на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, а учествуваат и претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вицпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе