Заев: Луѓето кршеле стакла од автобусот за да се спасат

Ова е голема трагедија. Се испитуваат причините за несреќата. Не знаеме дали сите патници се наши граѓани, но така претпоставуваме бидејќи автобусот е со македонска регистрација, изјавил премиерот Зоран Заев за бугарските медиуми.

Фото: ЕПА

Според него, идентитетот на за загинатите сѐ уште не е потврден. 

Во изјава за „Бугарија он ер“ Заев вели дека зборувал со еден од повредените во несреќата, кој му кажал дека се слушнала голема експлозија и тој успеал со седум луѓе да се спаси преку прозорецот што го скршиле.  

„Имаме информација дека 12 се деца помали од 18 години. И другите се млади од 25 до 30 години. Знаеме дека се враќале од Турција“, вели Заев, кој замина за болницата „Пиргов“, каде што се сместени повредените.

Веројатно се враќале од екскурзија, но сепак деталите за ова дополнително ќе се утврдат.

„Сѐ уште не ги знаеме сите информации бидејќи насочени сме кон преживеаните, да видиме дали се добри, дали некој е во животна опасност. Ќе ги дознаеме првичните информации од бугарските служби, а потоа ќе се утврди кои биле дестинациите од кои се враќале, како и сите преостанати детали“, вели Заев во изјавата за МИА.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе