СДСМ

Заев: Лажниот патриот Груевски ги терал пратениците да гласат за амнестијата за хашките случаи (ВИДЕО)

Пред составувањето на Владата по последните парламентарни избори лично Груевски и Ахмети се испазариле за амнестијата за хашките случаи. Потоа Груевски целата одговорност ја префрлил на Собранието, на пратениците, а Владата дала само едно нејасно мислење, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев за денешниот пакет аудиоснимки од прислушуваните разговори.

„Денеска сме сведоци за тоа колку всушност е лажна патриотската маска на Никола Груевски. Големиот патриот ја договорил амнестијата на хашките случаи со Али Ахмети, лидерот на ДУИ, и потоа ја префрлил одговорноста на пратениците. Гледаме за каков човек се работи кога нема храброст да застане пред граѓаните и да ја каже вистината. Ќе видите каков измамник е Груевски, колку го интересираат македонските национални интереси, колку ги почитува своите најблиски соработници, министри и пратеници. Неговата единствена цел е формирање коалициска влада со ДУИ, а не македонските национални интереси“, рече Заев.

На конференцијата за печатот беа објавени поранешни одговори на Груевски за овој случај, од кои се гледа дека тој директно ја префрла вината на Собранието, дека е тоа одлука на пратениците и дека Владата мора да ја почитува таа одлука.

„А видовте дека се работи за класично негово пазарење со ДУИ со единствена цел – формирање на коалициска влада со ДУИ.

Разговорите се водат во периодот на формирано ново собрание, а преговорите за новата влада биле сѐ уште во тек.

Според Заев, на аудиоснимките што беа објавени се слуша како и министрите и пратениците не се баш најсреќни поради одлуката на Груевски да се прифати амнестијата на хашките случаи. Од разговорите меѓу Јанкулоска и Ставревски, кои во тоа време се пратеници, се гледа како тие се договараат да не присуствуваат на собраниската седница за амнестијата, се гледа дека не се согласуваат со ваквата одлука и „пазар“ на партискиот лидер.

„Очигледно е дека договорот на Груевски и Ахмети бил амнестијата да се изгласа колку што е можно побрзо, за да може потоа полесно да течат пазарењата за составот на новата влада“, рече Заев.

Од разговорите се слуша дека секој поединец од ВМРО-ДПМНЕ во синџирот на одлучување за амнестијата бега од одговорноста, како никој не сака да се потпише на такво мислење, толкување или одлука.

„Јасно е дека со одлуката за амнестија е направен преседан. Затоа тогаш пратениците на СДСМ не гласаа за оваа одлука. Од листингот се гледа дека Ставревски не бил присутен на таа седница, а Јанкулоска била присутна, но не гласала за амнестијата“, вели Заев.

„Пиши нешто, а ништо да не значи“, „види да биде округло па на ќоше“, „пиши нешто ама никој ништо да не може да разбере“, „ќе пишеме као киша око Крагујевца“... ова се препораките што се даваат за тоа какво автентично мислење да излезе од Владата за хашките случаи.

„Од разговорите се гледа како за Јанкулоска и за Трајко Вељановски пратениците се Индијанци. Се гледа како Груевски лично управува со донесувањето на законот, како преку секретарката се јавува по пратеници да бидат присутни на собраниската седница за да има кворум... Го видовме уште еднаш лажниот патриот, манипулаторот на политичката сцена, кој нема храброст да застане и искрено да се обрати пред граѓаните на Македонија. Видовме како Груевски себично и безобразно си ги брани сопствените интереси за да си го заштити својот личен рејтинг“, рече Заев.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе