Заев - Ламорџезе: Важно е да почнат преговорите со ЕУ

Италија дава силна поддршка за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија и ќе продолжи со заложбите за успех на овој процес, којшто се цени дека е важно да биде започнат, како за земјава, така и за државите членки на ЕУ, му порачала италијанската министерка за внатрешни работи Лучана Ламорџезе на премиерот Зоран Заев.

Како што информира владината прес-служба, на денешната средбата се потврдени добрите односи помеѓу двете земји во областа на образованието, економијата, културата, одбраната и науката при што е констатирано унапредување на односите со најавеното потпишување на Анти-дрога меморандумот за разбирање, што ќе придонесе во зајакнувањето на заедничката борба против криминалот и корупцијата.

Поздравени се, се додава, направените реформи во оваа област во нашата држава, со коишто се смета дека се зголемени капацитетите на органите за справување со криминал и корупција. На средбата било оценето дека ги има предусловите да се продолжи на патот кон ЕУ, како и дека е ова стратешки значајно од безбедносен и економски аспект.

„Италијанската Република е стратешки сојузник и партнер во евроатлантските процеси на нашата земја, но и голем пријател, што се покажува преку споделената солидарност секогаш кога е тоа потребно, каков што е примерот со вакцините за време на пандемијата. Преку потпишувањето на Анти-дрога меморандумот ќе ја унапредиме заедничката борба против криминалот и корупцијата кон што сме силно определени. А со унапредувањето на институционалната соработка меѓу државите, отвораме пат и за унапредување на добрата економска соработка, што е од значење за граѓаните и за бизнисите”, изјавил Заев.

На средбата беа споделени искуства околу подигнувањето на јавната свест за значењето на вакцинацијата, како и околу почитувањето на мерките за заштита во услови на пандемијата.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе