Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Косово

Заев - Курти: Еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ, само нека биде порано

Нашите две држави со години наназад развиваат одлични билатерални односи и успешна соработка преку меѓусебна поддршка и почитување. Секое унапредување на односите меѓу соседите, носи стабилност и просперитет за целиот регион и токму затоа даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово, воден од ЕУ и ќе поддржиме решение, кое е прифатливо за двете страни, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти, по заедничката меѓувладина седница.

Курти оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово и дека ги покриле темите на потребите на граѓаните на двете држави.

Првата заедничка меѓувладина седница, како што кажа Заев, е исклучително позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на нашите односи и севкупна соработка, и денеска потпишавме вкупно 11 договори, меморандуми и програми кои опфаќаат и соработка во меѓугранични проекти преку ИПА програмата на ЕУ, соработка на полето на енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, културата и туризмот. Според него, во прв план се договорите и меморандумите за инфраструктурно поврзување на нашите две земји.

Во пакетот потпишани договори се договорот за спојување на двата автопати во Граничниот премин Блаце во рамки на изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, договорот за студија за патот Призрен-Тетово, договорот за воспоставување заеднички гранични премини, како и договорот за заеднички скијачки проект, што ќе ја поврзува Брезовица и Попова Шапка, изјави Заев.

На заедничката владина седница се дискутирало и за трговската размена меѓу двете земји, а Заев кажал и дека нашата земја е подготвена да ги сподели со Косово искуствата од интеграцијата интеграција во НАТО, до нивното членство во иднина.

Курти, пак, оцени дека денешниот состанок меѓу двете влади е еден историски момент, за соработка меѓу Република Северна Македонија и Косово.

„Република Северна Македонија оваа година слави 30 години независност, Косово 13 години независност и ова е првиот состанок меѓу нашите влади за да се интензивираат и прошири соработката на повеќе полиња“, рече Курти кој изрази искрено сочуство за лицата кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Заев исто така оцени дека „навистина сме Балкан на 21 век, Балкан кој што е Европа и верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ“.

„Јас немам против, дури и како што вика премиерот Курти, и сите земји заедно да влеземе во ЕУ, само нека биде порано“, изјави Заев, додавајќи дека имаме 12 позитивни препораки од Европската комисија, а од лани имаме и консензуален заклучок да сите 27 земји со Европскиот Совет од март 2020 година за одлука за почеток на преговорите.

Сега, како што рече, треба да го правиме следниот не чекор, туку меѓучекор, прва меѓувладина конференција, па следува скрининг, па после поглавјата или кластерите, согласно новата методологија и од тој аспект јас можам само да кажам дека заслуживме како Северна Македонија да добиеме отпочнати преговори.

Се надеваме, рече тој, дека тоа може да се случи со одржување на прва меѓувладина конференција некаде декември, затоа што имаме доволно време, навистина, до крајот на ноември или до втората половина на декември да навистина ги потврдиме нашите блиски пријателски односи кое е последната, така да кажам, пречка за да продолжиме на нашиот пат кон ЕУ.

„Бугарија и бугарскиот народ дава поддршка на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, дава поддршка и на целиот Балкан во интеграцијата во Европската Унија и јас верувам дека тој пат иако понекогаш знае да не разочара, сепак нема да не одврати затоа што нема нешто повредно од европските вредности во кои веруваме. Нашите народи веруваат во тие вредности“, изјави Заев.

Тој уште кажа дека со канцеларката Меркел во Тирана имале убава проштална средба, на која била споделена информацијата за оставање аманет за новиот канцелар на Германија, да го продолжи Берлинскиот процес.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе