Заев - Курц: Крајно време е Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, заклучиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и австрискиот канцелар Себастијан Курц на средбата во Виена.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и Курц изразиле задоволство од растот на австриските инвестиции во Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.

Заев исто така му се заблагодарил на Курц за австриската поддршка за Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.
Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествуваше на Самитот за Западен Балкан во Виена.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе