Заев – Курц: Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Македонија

„По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија“, рекол канцеларот на Австрија Себастијан Курц на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Виена.

Австрија, истакнал Курц, и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија, а средбата со Заев уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодарил на канцеларот Курц и на Владата на  Австрија за се што направиле за Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.

„Сега откако почна да се имплементира Договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцирал премиерот Заев на средбата со канцеларот Курц.

На средбата, како што се наведува во соопштението, Заев истакнал дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е единствениот избор.

„По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата“, нагласил Заев и додал дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе