Заев: Ќе разговараме за преку 30 прашања со Ципрас

„Ќе разговараме за преку 30 прашања од сите области важни за двете земји – Република Грција и Република Северна Македонија, особено за економските зашто ќе има средба на стопанските комори од двете земји", изјави премиерот Зоран Заев" при денешната посета на Прилеп одговарајќи на прашањето што ќе биде во фокусот на разговорите при официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, најавена за во вторник.

„Прашањата се многу, преку 30. Некои земји кои ја испуштиле соработката, сега сакаат се. Драго ми е што постои голема желба и љубов од двете страни за средбата. Се отвораат прашања, само треба да провериме колку имаме капацитет за некои да ги реализираме“, истакна Заев.

Во фокусот на разговорите се економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита…

Најави одржување состанок со стопанските комори на двете земји и со претставниците на бизнисот, бидејќи, како што рече сите граѓани во двете земји очекуваат економски придобивки од Договорот од Преспа.

„Ова е прва официјална посета на еден премиер на Грција и верувам дека ќе бидеме задоволни од перспективите што се отвораат од оваа посета“, изјави Заев.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе