„Сѐ е вредно за размислување”

Заев ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за јавното обвинителство

Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека сѐ е вредно за размислување.

„Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот Самит”, рече Заев.

Тој додаде дека сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО.

„Важно е да се обезбеди иднина на предметите и на СЈО, да не се влијае од страна на политичарите на правниот систем”, вели Заев.

Според него, судбината на СЈО и водењето грижа за правда во нашата земја е највисокиот приоритет на граѓаните.

 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе