Само што го повлече законот, премиерот веќе планира ново решение за дивоградбите

Заев: Ќе донесеме нов закон, но нема легализација на „Скопје 2014“ ниту во регионот под УНЕСКО

Откако денеска Владата го повлече од процедура Законот за легализација на бесправните објкети, премиерот Заев даде нови најави како би се одвивала легализацијата на дивоградби со нов законски текст. „Дивоградбите од 'Скопје 2014' не се планира да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во Охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на самите вакви објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување", рече премиерот и најави легализација на државни објекти, меѓу кои и зградата на ЕСМ.

„Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објекти, коишто не се вградени во самиот закон. Секако соодветно на тоа се однесува и на Охрид. Да се знае, надвор од заштитеното подрачје во Охрид, на зоните коишто се дозволени, надвор од планот за управување со Охрид, е дозволиво легализирање, секако ако има останато нелегални градби во охридското подрачје, наведе Заев и рече дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за втора категорија и други градби надлежни се самите општини.

Во врска со изготвување на нов предлог-закон за легализација на бесправни објекти, Заев реке дека останува на своите принципи да се слушне јавноста, но е и убеден дека и вака поставен законот може да ги исполни очекувањата на граѓаните и намената за којашто е предложен од страна на Владата.

„Во законот се отстранети колективните згради, а се најдени решенија за оние граѓани коишто се под прагот на сиромаштијата и немаа пари со претходното законско решение да ги легализираат домови и објекти коишто ги имаат. Сега наоѓаме решение бесплатно тоа да го направат сите приматели на социјална помош и истовремено да ја легализираме и државната инфраструктура. Имаме огромен број објекти коишто не се впишани, почнувајќи од водоводи, канализации, локални патишта, споменици на културата, објекти од областа на енергетиката, социјалната и здравствената заштита, градинки, училишта, болници и така натаму. Но претседателот на државата имаше две забелешки, граѓаните, исто така реагираа. Сите сме на став дека не треба да се откажеме од донесувањето на законот за легализација на бесправни правните градби, заради тоа што треба да се впишат објекти кои што се и споменици на култура, новата зграда на ЕСМ, околу 20 проценти водоводи и канализации во државата, дваесетина отсто локални патишта, кои што треба да имаат имотни листови и многу други објекти", потенцира Заев.

Премиерот рече дека причините за донесување на законот се јасни, затоа што недонесување на закон, значи веднаш уривање, односно постапување по законите.

„Од досегашната јавна расправа произлегува можноста за легализирање на куќите како дом за живеење, односно сите куќи кои што се дом за живеење, заклучно со 1 мај 2021 да ја добијат можноста за легализација. Второ укажување коешто стига е целосна забрана во националните паркови и заштитените посебни региони. Недовербата во институцијата да даде позитивно или негативно мислење за градење или легализирање во заштитени подрачја и национални паркови ја слушнавме од граѓаните и затоа имаме план да ја прифатиме сугестијата за строга забрана во националните паркови и заштитени подрачја на строга заштита и втората зона на условената заштита", рече тој и нагласи дека се дава можност за оние кои имаат објект, што не е колективна зграда или дом за живеење, да го легализираат со плаќање на двојно поголема сума, отколку ако тоа се спровело по регуларна постапка.

„Државата треба да продолжи да ги решава проблемите на граѓаните. Најлесно е да кажеме не легализираме, но мора да се дадат одговорите што со бесправните градби, зашто ги има над 50 илјади", смета Заев.

Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали пред да се поднесе законското решение ќе се направи кетегоризација на дивоградбите, односно собирање податоци за нивен точен број, рече дека не е сигурен дали општините имаат такви капацитети.

„Ние ќе донесеме закон којшто ќе биде порестриктивен и прифатлив за партиите во Собранието и за невладините организации. Веднаш потоа сите граѓани коишто ги исполнуваат сите услови ќе можат да аплицираат до матичните општини за нивните објекти да бидат ставени во правна рамка. Тогаш ние ќе преброиме колку има такви објекти и колку од нив ги исполнуваат условите да добијат решенија", рече Бочварски.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе