Претседателски избори 2019

Заев на митингот за Пендаровски: Ќе добиеме европски претседател

Премиерот Зоран Заев се обрати на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје и порача дека Македонија ќе добие вистински претседател кој влече напред.

„Денеска слободно можеме да кажеме дека успешно заедно одиме напред. Ги победивме омразата, конфликите и неправдата. Европа и светот аплаудираат, вам ви аплаудираат. Граѓаните имаат потреба од претседател на својата држава и конечно по 10 години ќе добиеме претседател на државата, човек кој ќе влече напред, Стево Пендаровски. Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека Македонија ќе добие претседател, европски претседател. Одиме напред со Стево Пендаровски“, рече Заев.

Бележиме голем напредок во еконимијата, истакна претседателот на СДСМ на денешниот митинг и вети плата од над 500 евра до 2020 година.

„Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. Одиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра“, рече Заев.

„Гордана Силјановска не само што не е заеднички кандидат за претседател на сите граѓани, туку таа е претставничка само на еден човек. Силјановска е претставничка на Мицкоски, оној Мицкоски кој што е претставник на криминалецот Груевски. Но, Стево Пендаровски е претставник  на сите вас, кои гледате и одите напред чесно, без предрасуди“, рече Зоран Заев на денешниот митинг во Скопје.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе