Заев: Ќе беше добро опозицијата да му честиташе на народот за одлуката на ЕУ за преговори

Честитки за вчерашната одлука на ЕУ стасаа од секаде, од амабасадори, од многу лидери на ЕУ, од комесарот Хан, од членови на Европската комисија, од политичките партии од коалицијата, но честитка не стигна од опозицијата, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Но би било добро е да му честитаат на народот, да го охрабрат нашиот народ заради тоа што дефинитивно ова е заедничка радост на сите. Мегдани меѓу власт и опозиција ќе има многу. Да се бориме за економски мерки и идеи, како побрзо да го дигнеме економскиот стандард на нашиот народ, да имаме идеи да се бориме со корона вирусот и здравствениот аспект… Должни се да го поздрават и да му се израдуваат и навистина да го повикаат народот да се израдува“, рече Заев.

Вчерашната одлука на Советот на ЕУ за почеток на преговори со Македонија, според него, е успех на нашиот народ, на многу генерации, а за тоа прво работеа граѓаните, институциите, политичарите, од независноста до сега.

„Се сеќаваме сите, го гледавме на телевизија помладите прогласувањето на независноста кога беше испорачана европската визија и верувам дека денеска сме сите радосни за овој голем успех. Ред е да се заблагодарам на сите генерации, на сите парламентарни состави, на сите влади и на политичари, но еве ние имавме среќата да успееме, со храбри одлуки, Владата, Парламентот успеавме“, рече Заев.

Во однос на предлогот на министерката за правда Рената Дескоска за финансирањето на партиите и дали ќе ја повика ДУИ да го поддржат предлогот, тој вели дека партиите треба сами да кажат дали ќе го поддржат предлогот годинава да нема пари за политичките партии

„Ние можеме да кажеме за себе. Јас се согласувам дека солидарноста треба да ја имаме како никогаш порано. Кога е најтешко треба да бидеме солидарни и навистина парите не треба да доаѓаат во политичките партии, треба да одат кај граѓаните, да ја зголемиме приватната и јавната потрошувачка и драго ми е што СДСМ реши да се откаже од тие пари. Ние го дадовме нашиот предлог. За ДУИ или за која било друга партија останува самите да кажат“, рече Заев, додавајќи дека предлогот бил парите да се пренаменат за справување со ширењето на коронавирусот.

 

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе