Откако одби да прими 35 рамковни административци

Заев ќе бара смена на Пауновски: Таков пркос не е дозволен, секој ден да водите полемика со премиерот

Стојко Пауновски е мој исклучително добар личен пријател, но ќе побарам од службите во Владата да го разрешат. За тоа има основа и очекувам да биде покрената постапка, најави денеска премиерот Зоран Заев по изјавата на директорот на Пазарниот инспекторат дека не може да вработи 35 рамковни административци, а ако премиерот не го разбира зошто не сака да ги потпише решенијата, може слободно да го разреши од функцијата.

„Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да функционира. Се работи за мој исклучително добар пријател, но кажувам што е принцип.

Не може да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените за нешто што е толку транспарентно и воспоставено на одлични, искрени основи, самите институции да дадат фидбек. Ако нема систематизирано место или не може да се систематизира, не мора да се прими никој. Но, народот очекува од нас ова да го решиме зашто поминуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Сериозно е тргнат процесот за распредеба на тие луѓе“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на „Кемет Електроникс“.

Соопштувајќи ги актуелните бројки за „рамковните" вработувања, тој кажа дека 1.349 луѓе беа дел од процесот, 1.182 прифатиле распоредување во институциите, 38 одбиле и одат на трансфер листа, додека 13 сами дале отказ.

„Вкупно 87,62 отсто е успешен планот досега, 9,49 отсто дале оставка, 2,82 одбиле, и 0,07 се пензионирани. Сите овие граѓани се наши, земале плата, а не работеле ништо и треба да ги распоредиме. Побаравме секоја институција да влезе во рамките на Законот и да соработува со Владата за спроведување на овој план кој е дел од владината програма. И во некои други институции немаше примање целосно, но секој ден да водите полемика со потрпетседател на Владата, со претседател на Владата, со институциите, е пркос што не е дозволен. Ние имаме целосна одговорност пред граѓаните и затоа поставената хиерархија мора да функционира успешно и професионално. Се работи за мој исклучително добар пријател, Стојко Пауновски, но го кажувам тоа што е принцип, објасни Заев“, додавајќи дека ваквиот однос на Пауновски е доволна основа за негово разрешување.

Претходно Пауновски за порталот СДК.мк изјави дека „ако премиерот Зоран Заев не го разбира, нема што друго да каже освен дека слободно може да го разреши на наредната владина седницазашто не сакал да прими 35 рамковни вработувања што му биле прераспределени, затоа што не ги исполнуваат условите за пополнување потребни работни позиции.

Заев, пак, вчера му порача да не прави отпор.

„Испраќам порака пред сѐ до директорот на Пазарниот инспекторат којшто е доста гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведуваат, а не да водиме, така да кажам, јавна војна преку медиумите едни со други“, рече вчера Заев.

Пауновски вели дека и покрај ваквата изјава на премиерот Заев, тој останува на ставот дека додека е тој директор нема да ги потпише решенијата за вработување на овие 35 лица.

„Ми даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немаме потреба од нови вработување, туку во Струмичкиот Регион и во источна Македонија. Па овие нови вработени нема да има каде да ги сместиме, нема место во канцелариите, пак ќе треба дома да седат. Точно е дека барав вработување, ама за градовите каде немаме инспектори, каде бироата ни се празни, а не за онаму каде сме до максимум исполнети“, рече Пауновски за СДК.мк.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе