СДСМ

Заев: Како Груевски и Јанакиески го надгледуваа уривањето на Космос на Фиат Цаноски (ВИДЕО)

Од денешните снимки се гледа одмаздољубивоста на Никола Груевски во случајот со Фиат Цановски, близок соработник и роднина на Велија Рамковски. Се гледа како по директна наредба Груевски наредува да се урива милионската инвестиција на Цановски, изјави на денешната конференција за медиумите Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

„Неоспорни се фактите од проектот 'Вистината за Македонија'. Неоспорно е како неовластено и  масовно се прислушувало во Македонија со помош на државните механизми и апаратури за воспоставување целосна контрола. Само така Груевски и Мијалков се одржуваат на власт. Се работи за спасување на Груевски, па затоа одржува такви конференции за печатот за да покаже дека бил загрозен. Завчера Груевски беше во улога на политички портпарол и побара од јавноста да ги затвори и очите и ушите и да верува дека неговите соработници не се толку сурови“, рече Заев.

Од денешните снимки се гледа како по директна наредба на Груевски се руши милионската инвестиција на Фиат Цановски, како Груевски и министерот за транспорт Миле Јанакиески договараат менување на деталниот и на генералниот урбанистички план, рече Заев.

Според Заев, од овие снимки се гледа како Груевски и Јанакиески го темпираат денот кога треба да се урне објектот „Космос“, се гледа колкава е контролата врз судството, се гледа како се темпира кога Цановски треба да го добие решението за уривање...

„Се гледа дека Груевски е заинтересиран само за одмазда, само за реализација на личните интереси, а не почитување на правото и на правната процедура. Ете тоа е вистинското лице на Никола Груевски: човек–нечовек. Ова е тој Груевски, кој ништи сè пред себе за одмазда и за лични цели. Да не дозволиме ова никогаш повеќе да се повтори. Но 'Вистината за Македонија' до крај ќе ја обелоденуваме“, рече Заев.

Заев најави дека една од наредните бомби ќе биде затворањето на А1-телевизија, а во однос на снимките што се појавија на кои Љубе Бошкоски наводно го продава името на земјава Заев рече дека сите знаат дека Бошковски ни одблиску не бил на функција за да може да го продава името“ и дека на јавноста на една од наредните прес-конференции ќе ѝ бидат претставени и снимки на што сè Груевски се согласил и прифатил при преговорите за името.

Одговарајќи на новинарско прашање претседателот на СДСМ рече дека освен мобилната, била прислушувана и фиксната телефонија, а била следена и имејл-комуникацијата.

Најголем дел од судиите и обвинителите на снимките се чесни луѓе, но биле под страшни притисоци, рече Заев. „Зошто искрено до крај зборувам? Очекувам кога се враќа слободата на Македонија, да не ја враќа Заев, а тие да бидат на Фејсбук. Да направат чекор, знаат и малите деца што е вистината. Да направат чекор за нивната, за нашата татковина. Ќе ги чекам да го направат тој чекор и ќе го поздравам јавно и да знаат оти ќе испишат историја“, рече тој.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе