Први непосредни внатрепартиски избори

Заев како единствен кандидат пак е избран за претседател на СДСМ

Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.

Како што истакнаа од Централната изборна комисија (ЦИК) на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред, без попречување и согласно утврдените прописи.

На 237 избирачки места од вкупно запишаните 68.991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за преброени 227 избирачки места.

Според ЦИК, целиот изборен процес е регуларно и успешно завршен, а СДСМ денес спроведе транспарентен демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарни одредби и одредбите на Правилникот на сите 237 избирачки места во сите 80 општини во периодот од 8 до 19 часот.

„Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.  Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси“, порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе