Заев јавно ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев денеска јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Заев на лидерската средба ги повика претседателот на ВМРО/ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Како приоритетни теми на лидерската средба тој ги наведе Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и Пописот. Искрената и чесна посветеност на овие теми, како што рече, ќе ги заокружи реформите до есен.

„Нема да дадеме никому аргумент да биде против, резервиран или слично“, рече Заев.

„Нема да дадеме никому аргумент да биде против, резервиран или слично“, рече Заев.

На средбата што би се одржала в петок во 14 часот во Клубот на пратеници, тој очекува сите да се фокусираат на создавање услови и предлози за акциски план и работни групи во кои би биле претставници од сите парламентарни групи.

Тој рече дека нема многу време и лидерите треба да постигнат консензус за прашањата што ги наведе за да може земјата да добие датум за преговори во октомври.

„Пред портите на ЕУ сме по скоро 15 години. Иако извештајот на Европската комисија е одличен, треба да сториме сѐ за позитивна одлука во октомври. За приоритетните теми ги предлагам Изборниот законик, да се почне на време за да обезбедиме легислатива, а ќе разговараме и за нов изборен модел. Да го затвориме со највисок степен на согласност законот за Јавното обвинителство. Клучно е да се обезбеди иднината на СЈО и унапредување на правната држава и владеењето на правото. Да постигнеме консензус дека ќе изведеме успешен попис спроведен од Државниот завод за статистика“, рече Заев.

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе