Претседателски избори април 2019

Заев: Јас сум најпопуларен политичар кај Албанците и сите други етнички заедници

На прашање што должи на Албанците, што воедно беше и темата на вечерашниот „Кликплус", на „Тв 21“ премиерот Зоран Заев одговори дека никому ништо не должи, дека се залагал за Албанците, но и за сите други етнички заедници и така станал најпопуларен политичар кај нив.

За својот противкандидат Блерим Река, премиерот Зоран Заев вечерва во „Клик плус" истакна дека го почитува многу, но дека му замерува што бара поддршка само од Албанците, додавајќи дека треба да бара гласови и од Македонците.

Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување во „Кликплус" даде интересна изјава за неговото прво вработување, за кое кажа дека било во неговата фирма, но дека очекувал да биде директор, но не му дозволиле па бил магационер.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе