Преку Фејсбуск

Заев: „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик“

Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, напиша вечерва на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.
Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.
Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.
Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Доста беше омраза!“, напиша Заев.

Инаку, бугарскиот министер Красимир Каракачанов по интервјуто на Заев за бугарската агенција БГНЕС изјави: „на Бугаринот секогаш паметот му доаѓа следниот ден, така и со колегата Заев".

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе