Кабинет на премиерот

Заев ја преполови листата на советници, најплатен и натаму е Зоран Верушевски

Владата на својата интернет-страница ги објави нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, но и на надворешните соработници. Највисока плата има поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност заработува 74.618 денари. Платите на другите советници се во просек од 55.000 денари. Љубе Бошковски останува во кабиентот на премиерот како советник за странски инвестиции.

Во новиот состав на советници (вкупно 23) не се српските државјани Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ, а го нема и Џезар Шаќири.

Меѓу личните советници на листата остануваат Дане Талески во секторот за меѓународни односи, Тања Чачарова Илиевска за правда, Љупка Цветковска за администрација, Фидан Колев за транспорт и врски, Зоран Бојаровски за медиуми, Ѓорги Тасев за млади и спорт, Иванна Хаџиевска Кошевалиски за меѓународни односи, Леон Бакрачевски за промоција на евроатлантските интеграции...

Меѓу надворешните соработници (4) најплатена со 50.000 денари е Нина Фити-Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити.

Од надворешните советници на списокот се и Раде Јанковски за спречување на корупција во граничното работење, Магбуле Амети за здравство и Татјана Стојаноска Иванова за образование и наука.

Претходниот состав на советници броеше 56 лица.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе