Заев: Ја донесовме најголемата инвестиција во македонската економија

„Oва не е само најголемата германска инвестиција во земјава – ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес. Ова се придобивките од Законот за стратешки инвестиции. Големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата и носат храбри одлуки за инвестирање во Северна Македонија". Oва денеска го потенцираше првиот човек на Владата, Зоран Заев во својата прес-конференција.

Премиерот Заев потенцираше дека ќе се гради ветерен парк со име „Вирови" кој, како што рече ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Македонија.

„На полињата на потегот од Куманово кон Крива Паланка за ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини, што е за четири пати повеќе од досегашните 16 кои ги гледаме на границата со Грција, и најважно, ветерници кои ќе создаваат над 400 мегавати струја од македонскиот ветер. Во зеленото сценарио најбрзо растечки технологии се токму фотонапонските и ветерните електрани и во нашата стратегија се предвидени околу 1500 мегавати на фотонапонски електрани и околу 700 мегавати на ветерни електрани. Нема сомнеж, најголемата инвестиција во историјата на македонската економија е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно"- рече премиерот Заев.

Инаку, Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце- Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. На прес-конференцијата освен премиерот Зоран Заев, присутни беа и амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе