По првиот круг од локалните избори

Заев: Ја добивме пораката од народот, сега е најважно обединувањето

Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас, напиша попладнево премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по вчерашниот прв круг од локалните иозбори на кој ВМРО-ДПМНЕ досега освои 21 градоначалнички места, а социјалдемократите 9.

„Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО, објави Заев на Фејсбук.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе