По обвинувањата дека ќе го изгубиме идентитетот

Заев: Изгубен е веројатно Мицкоски, ако го најде некој нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев денеска, по потпишувањето на договорот за Јавно приватно партнерство за фотонапонска електрана ,,Осломеј”, одговараше на новинарски прашања за утрешната посета на Софија и ги коментираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во преговорите со Бугарија ќе го изгубиме идентитетот и јазикот.

Коментирајќи ги обвинувањата од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека исти такви обвинувања имаше и порано дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот.

„Ќе прашам јавно, зарем е можно изгубен идентитет повторно да го изгубиме? Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е веројатно Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, одговори Заев.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе