Влада

Заев: Испорачавме сериозни аргументи за почеток на преговори, сега ЕУ треба да преземе серизони чекори

На самитот во Берлин порачавме дека стабилноста и реформите што ги испорачува земјава мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по враќањето од Берлин, каде што се одржа неформален француско-германски самит за земјите од Западен Балкан. Заев во Берлин беше придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Иако проширувањето на Унијата не беше тема на конференцијата, ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака, а тоа е пораката на нашите граѓани до Европа, дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот од кое извира европската идеја за заедништво, солидарност и соработка“, вели Заев.

Тој подвлече дека земјава презеде одговорност за себе и за регионот и оти сега е време и Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи.

Според него, најважен и најмногу нагласуван заклучок на самитот било дека успешниот договор што го постигнавме со Грција е модел за решавање отворени прашања и конфликти.

„Нашата земја и Договорот беа инспирација за почетокот и крајот на речиси секоја дискусија на конференцијата со заклучок дека соработката и стабилноста се суштината на заедничката европска перспектива на регионот“, рече Заев.

Како што истакна премиерот, меѓу заклучоците била потенцирана и важноста од постигнување конечен договор за целосно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово како нов важен придонес кон регионалната стабилност.

Заев посочи дека на конференцијата се договориле да ги интензивираат активностите за основање регионална економска зона, да останеме посветени на Берлинскиот процес и да ги поддржиме иницијативите за инфраструктурна поврзаност, економска соработка, слободна трговија и младински размени во регионот.

Неформалниот самит за Западен Балкан во Берлин беше во организација на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе