Заев: Инвестираме во човечкиот капитал, а не на разни „глупости”

Премиерот Зоран Заев очекува да се најде начин за оптимално прифаќање на барањата на синдикатите за зголемување на платите на вработените во образованието, полицијата, пензионерите, работниците. Тој од Штип порача дека како Влада се посветени да инвестираат во човечкиот капитал, а не како што рече, во претходниот период на различни „глупости", како што се жални врби, музеи и фасади. 

Во моментов е посветен на мерката супституција на придонесите.

„Оваа мерка буквално дава можност да се дигнат зголемат 782.000 плати во државата. Толку се вработени граѓани во нашата земја. Верувам дека проектот ќе биде успешен, би бил задоволен со 10 до 20 посто успешност, заради тоа што имаме институции каде што платите се високи и се даваат сите на сметка. Ако тој процес сам по себе биде успешен, дури да ги одговориме и сите очекувања на синдикатите, тоа ќе значи и прв процес за зголемување на платите”, вели Заев.

Тој смета дека со зголемувањето на платите ќе се подобри животниот стандард на населението, но ќе донесе и раст и развој на земјава.

Прашан за барањата на текстилниот Кластер за зголемување на работното време за половина час, како и да се скратат празниците, Заев со став дека тоа е една вечна борба меѓу коморите и работниците. Смета дека затоа и постои социјалниот дијалог.

„Ако барањата се изнасилени, тоа ќе биде одбивно за другата страна, без разлика од која страна доаѓа барањето. Само со договор има профитабилност, има корист од работата, секако и за работниците и за работодавачите”, вели Заев и апелира и двете страни да седнат и да се договорат, но да се почитува и Законот за работни односи.

 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе