По пораката од Москва

Заев: Интеграцијата во НАТО не е во спротивност со унапредувањето на соработката со Русија

Интеграцијата на Република во Македонија во НАТО е наша стратешка определба и не е во спротивност со унапредување на соработката со Руската федерација, изјави премиерот Зоран Заев.

„Уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот, Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Тоа се ЕУ и НАТО интеграциите, што е и определба на огромното мнозинство над 75 отсто од граѓаните на Македонија. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важно за Македонија, но и за целиот регион. Тоа не е спротивно со унапредувањето на соработката со Руската Федерација, затоа што Македонија во своите стратешки цели го има и унапредувањето на соработката со Русија, пред сѐ на економски, културен, образовен план.... Од тој аспект можам да тврдам дека таа е повеќедецениска аспирација на граѓаните на РМ, нешто кон кое се тежнее, кое го посакуваме, кое е важно и за стабилноста и безбедноста на Македонија, но и на целиот регион“, изјави Заев, одговарајќи на новинарско прашање за предупредувањето добиено од Москва дека членството на земјата во НАТО ќе ги зазгрози безбедноста на Македонија и регионот, како и билатералните односи. 

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе