По коментарите од лидерот на опозицијата

Заев: Имав намера да свикам лидерска средба, но ме разубеди Мицкоски

Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање рече дека тој сепак нема да организира лидерска средба посветена на разговорите со Бугарија бидејќи неа однапред ја минирал лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски преку објава на својот фејсбук - профил, како и со неговиот однос кој Заев го дефинира како забеган. 

Претседателот Стево Пендаровски е врв на државната пирамида и тој треба да се почитува, особено затоа што тој е неутрален и им излегувал во пресрет на опозицијата, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарското прашање и објасни дека сепак, имал намера да организира лидерска средба со цел  да информира за разговорите со Бугарија.

Но, нагласи, на добрата негова намера добил несоодветна реакција од шефот на опозицијата Христијан Мицкоски преку неговата објава на Фејсбу, поради што се откажал од идејата.

„Мицкоски во својата објава напиша: ,да - ќе се разговара за техничка влада, да - ќе се разговара за неспособноста на државата, да - ќе се разговара за неспособноста да се справи владата со коронавирусот' ... зошто и за што тогаш да разговараме? Не се согласувам со тие негови прашања. Покажаме како Влада дека водиме сметка за нашите црвени линии во разговорите со Бугарија, за жал не ја добивме првата меѓувладина конференција,но ќе ја добиеме. Се справуваме со коронавирусот и подобро од многу поразвиени земји, но не сакаме честа и достоинството на здравствените работници да ја погазиме на лидерска средба заради ставовите на еден лидер од опозицијата за кои може да се каже дека се забегани. Затоа не гледам причина да свикам лидерска средба, ќе барам други алатки да информирам за разговорите со Бугарија", изјави Заев.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе