Заев: Имаме сериозен исчекор за законот за државјанство, идната недела може да оди во Парламент

Направен е сериозен исчекор кон изнаоѓање решение за законот за државјанство, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерите на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива во Собранието, но не изнесе детали за договорот со албанската опозиција, вклучувајќи го и нивното барање да се издава државјанство со сведоци.

„Се видоа детално бројките колку граѓани кои немаат државјанство, или кои не стекнале државјанство со брак, поради враќање во земјата ги бараат државјанствата… Ги отворивме сите важни прашања, заокруживме доминатни европски пракси. Годините за стекнување на државјанство кај нас е престој од осум години, имаме европски земји каде што имаме пет, седум, десет години. Ќе се извади еден просек, и согласно Европската Унија ќе се формира една бројка. Направивме сериозен исчекор, целта е да се оформи законскиот текст, следната недела да се истакне парламентот“, рече Заев.

Тој рече дека се дефинирани 13 конкретни причини за добивање државјанство, која било од нив, што е сериозен исчекор и верува дека граѓаните една од причините сигурно ја исполнуваат.

Заев изнесе и број на барања и за колку граѓани станува збор.

„Има 2.727 барања за нешто повеќе од 3.200 граѓани, од кои 1500 кои не живеат тука. 700 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле и никогаш не добиле државјанство“, вели Заев и додаде дека до крај на неделата ќе се оформи законскиот текст и следната недела ќе оди во Парламентот.

На прес-конференцијата кажа дека верува оти ќе бидат тргнати амандманите, односно ќе биде одблокиран парламентот.

„Верувам дека ќе бидат тргнати амандманите, и не само од Алијанса и Алтернатива, туку и од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Заев.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе