Заев: Имаме предност од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

„Аналитичарите од СДСМ правеа анкета преку релевантна агенција и јас не би коментирал поконкретно околу резултатите. Имаме шест отсто предност, а ако има анкета со предност на ВМРО ДПМНЕ тогаш тие би требало да сакаат избори", посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизија Телма.

Високиот рејтинг на СДСМ, додаде тој, се должи на исправните економски мерки.

„Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот", изјави Заев.

Тој објасни дека СДСМ ќе практикува нов метод на изборна кампања.

„Граѓаните не познаваат, но сепак е важна кампањата, програмата и кадрите кои ќе се понудат. Нема да можеме класични митинзи секако, но може мали собири, со граѓани на дистанца, еве имаме пример во Германија, како граѓаните беа на собир со дистанца. Ние ќе користиме видео стриминг од нашите простории со носителите на листите. Така ќе ја преставиме програмата пред гласачите и секој ќе може тоа да го следи. Настапи ќе имаат и другите кандидати. Имаме алтаки кои ќе ги користиме. Можеме и со принципот од врата на врата", рече Заев на Телма.

Вонредната состојба беше воведена заради здравствената состојба и епидемијата на Ковид-19, но и поради економските импликации од коронакризата, со цел Владата да може да носи уредби со законска сила и да им помогне на граѓаните и на стопанството, додека немаме Парламент, истакна  лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто.

„Инцијативата да прогласиме вонредна состојба се донесе кај претседателот на државата и тогаш причините беа економските импликации, за да може Владата да носи уредби со законска сили и да им помогне на граѓаните, на стопанството, а и заради здравствената состојба. Сите мерки кои ги гледате како се димензионираат околу ограничувањата не се уредби со законска сила, туку се одлуки на Влада. Уредбите најмногу се однесуваат на економските импликации, така што ако биде продолжена ќе биде заради економските импликации, а ако не биде продолжена тоа ќе биде поради тоа што повеќе нема економски причини за тоа“, истакна претседателот на владејачката партија.

Напомена дека единствениот механизам во моментот во однос на изборите е уредбата со законска сила за изборите, кои како што рече се дефинирани од завршување на вонредната состојба.

„Затоа што тоа е решението на претседателот на парламентот. Само тој распишува избори. Тоа решение е сега замрзнато, додека трае вонредната состојба. Штом заврши се одмрзнува и остануваат уште 22 дена до изборите. Логиката ми кажува дека ќе има продолжување на вонредната состојба поради економски веројатно и здравствени причини, и на крајот заради правно формални“, истакна Заев, додавајќи дека тоа ќе и овозможи на Владата да ги реализира сите мерки за помош на економијата во услови кога нема Парламент.

Коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека препораката на Венецијанската комисија е по завршување на вонредна сосотјба да изминат барем 60 дена пред да се организираат избори, Заев рече дека тоа е согласно Уставот на Грузија, а во нашиот Устав тоа не е предвидено.

Во интервјуто тој говореше и последните случувања околу Литијата во Струга, при што повтори дека СДСМ го осуди собирот на граѓаните, но и бара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„СДСМ ќе поднесе кривична пријава за оваа работа, за да остане трага, друг да не го направи истото. Оливер Спасовски јавно побара Чулев да поднесе оставка. Се работи за принцип, се работи за нешто што е темел на нашиот Устав. Зошто се применуваат санкциите, за да друг не ги направи истите грешки. Зошто има забрана, таа треба да се почитува. Овде има сериозна одговорност, зборувам за двете најголеми верски заедници во државата. Законот мора да важи еднакво за сите. Зборувам принципиелно како политичар или растеретен човек. Да не се вратиме назад ако попуштиме сега, ќе треба неколку години да го постигнеме ова. Едно општество за сите е голема вредност. Сите сме граѓани денеска. И од тој аспект еднаквоста треба да биде за сите. Треба да се научиме дека никој не е над законот“, посочи Заев.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе