Заев: И во време на пандемија просечната плата продолжува да расте

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија“, наведе Заев во статусот.

Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.

„Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој“, напиша премиерот на својот Фејсбук профил. 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе