Заев и Села разговараат за останувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Во Владата на РМ се одржува средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, по која треба да биде познато дали тој ќе остане во владината коалиција, пренесува МИА.

Од Владата вчера официјално објавија дека за министер за здравство е предложен Венко Филипче, актуелен советник на премиерот Заев, место кое повеќе од три месеци е испразнето, откако Арбен Таравари од Алијанса за Албанците стана градоначалник на Гостивар.

Пред два дена Артан Груби од ДУИ најави дека заменик министер за образование и наука ќе биде Арбр Адеми и потенцира дека „ситуацијата е решена, и оти парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села“.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера во интервју за ТВ21 ја нарече Алијансата несериозна партија која има само двајца пратеници. 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе