Заев и Рама во Пустец: Унапредување на односите и низ грижа за малцинствата

Премиерот Зоран Заев и неговиот албански колега, Еди Рама денеска ги посетија Македонците од општината Пустец, а имаа и заедничка средба со заменик-градоначалникот и советниците на општината.

Двајцата премиери прво разговараа со раководителите, наставници и ученици во едно од училиштата во општината, С.У. „Трајан Горѓиовски и Митре Колевски“.

На средбата со премиерите и министрите на двете земји, учениците ги поздравија со рецитали на македонски и албански јазик. Тука Заев донирл книги и работни материјали за учениците, што ги поделија заедно со премиерот Рама.

Претставниците од Општина Пустец на двајцата премиери им ги соопштиле приоритетите за кои очекуваат поддршка, меѓу кои е и реновирањето на училиштето. Рама се обврзал дека школото ќе биде реновирано и оти општината ќе добие поддршка во комуналните проекти и проектите за локален развој што беа посочени на средбата.

„Ова е начин да ги отвораме и да ги решаваме прашањата. Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји, бидејки малцинските заедници се мостот на таа соработка, и грижата за нив е од големо значење“, рекол Заев, додавајќи дека двете држави се европски ориентирани и подготвени да ги негуваат малцинските права.

Заев на состанокот со локалните власти во Пустец, најавил дека и Владата на Република Македонија ќе помогне во решавањето на прашањата што се од важност за жителите со македонско етничко потекло во Албанија.

Заев, во рамки на работната посета на Република Албанија, синоќа се сретнал и со преставници на сите здруженија на жители со македонско етничко потекло во Албанија од Преспа, Корча и од Голо Брдо, како и со претставници од политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција.

На средбата се разговарало за унапредување на употребата на македонскиот јазик во местата каде што живеат граѓани од македонско етничко потекло, како и за начините на коишто може да се унапредат културните, образовните и инфраструктурните потреби.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе