Заедничка прес-конференција на македонскиот и албанскиот премиер

Заев и Рама: ЕУ има проблем, алармот е вклучен, Брисел мора да изнајде решение

ЕУ не успеа да спречи блокада од една земја, затоа тоа е проблем на ЕУ, но ние сме Европа без оглед дали ќе биде тргната или не блокадата. Токму ние, и земјите од Западен Балкан, ги имаме европските вредности и нема да останеме изолирани и ќе се зближиме уште повеќе. Тие што не ме знаат нека знаат дека не се откажувам, ќе одам и ќе одам во Софија и ќе барам решение, изјави премиерот Заев. „Јас и Зоран немаме никакви разлики, а ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука. За нас сонцето изгрева таму каде што е Балканот“, рече Рама. .

„Европа има проблем, проблем има големата, визионерска Европа.. А проблем е самата ЕУ, зашто Брисел нѝ порача дека нема можност за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија. ЕУ не успеа да спречи блокада од една земја, затоа тоа е проблем на ЕУ", изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференија со албанскиот премиер Еди Рама во рамки на Економскиот форум Скопје.

Но, не сме сами, нема да бидеме изолирани. Македонскиот и албанскиот народ, се братски народи, кои пред себе имаат ист пат, имаат европски вредности, а немаат изоалција, ѕидови..., нагласи Заев и додаде дека со нашата земја и со Албанија се и Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина...

„Ние сме Европа, без оглед дали ќе бидат тргнати или не блокадите. Нашите народи и влади среде Балканот демонстррираа европски вредности, но ние имаме и заеднички идеи и култури со братските народи, Со Рама најавуваме дека ке ги зближиме уште повеќе нашите народи", рече Заев.

Тој нагласи дека со Рама имаат порака за нашите граѓани, но и пораката се однесува и за европските граѓани и политичари.

„Алармот е вклучен, европските вредности се доведени вопрашање, а тие се и вредности за земјите кои се кандидати. Токму ние, од Западниот Балкан, ги демонстрираме тие европски вредности, меѓу кои се и солидарноста и толеранција и соработката. Сите во ЕУ треба да знаат дека никој и со никаков акт не семее даги доведе во прашање човековите права и владеењето на правото", нагласи Заев.

Тој потсети дека минатата недела заедно со држана делегација бил во Софија „со отворено срце и подготвеност за позитивно решение". Беше и Рама, рече Заев, и потсети дека и покрај сите пораки и добрите намери, „бугарските колеги не собраа сила да одобрат преговори со Северна Македонија и Албанија".

„Без разлика колку бевме воздржани во очекувањата, одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција е огромен неуспех на ЕУ и лоша порака за целиот регион.Гласот на Бугарија да не ја дозволи преговарачката рамка не е во духот на добрососедските односи. Нашиот став е јасен - ЕУ интеграциите не смеат да бидат заложник на билатерлните односи, ЕУ не смее да биде заложникна преговори со Бугарија. Токму затоа, сметаме дека во рамката, во преговорите, не смее да се вклучуваат билатерелни прашања. Тоа е недозволиво, за македонскиот национален идентитет не може да се преговара", нагласи премиерот Заев.

Тој рече дека земјава стана 30. членака на НАТО и дека седна на иста маса со сите членки, и со САД. Но, како што нагласи, ЕУ останува стратегиска цел и единствена алтернатива.

„Европските вредности за нас се светост, колку и да не може да ги одбрани Европската Унија. ЕУ мора да изнајде формула за отворање на преговорите", нагласи Заев и испрати порака:

„Тие што ме знаат, знаат дека не се откажувам, тие што не знаат нека знаат дека не се откажувам. И ќе одам и ќе одам во Софија. Северна Македонија и Албанија се Европа".

Премиерот на Албанија Еди Рама потоа истакна дека Економскиот форум во Скопје беше можност заедно со Заев да кажат дека што и да се случи во Брисел, што и да се одлучи, „ние ќе останеме посветени на зајакнување на економијата, на благосостојбата на нашите народи и на тоа да го чуваме нашето достоинство".

„ЕУ може да поставува задачи, рокови и датуми, но не може да ја одреди нашата положба во Европа, ниту нашата иднина како народи. Албанија ја заврши својата задача уште од времето на Ѓерѓ Кастриот и своите преродбеници. За нас сонцето изгрева таму каде што е Балканот и никој не може да нѝ ја одреди положбата", порача Рама.

„Одлуката не зависи од нас, туку од ЕУ. Но, не сум загрижен за да не спијам заради тоа. Имам поважни работи заради кои не би спиел. Најважно е ние и Северна Македонија да ја завршиме работата. Ќе продолжам да ја вршам работата, бидејќи не е завршена, а кога тие ќе бидат подготвени треба да не информираат“, рече Рама.

Тој уште појасни дека предизвикот за Скопје и Тирана е да изградат европски држави со европски стандарди и институции.

„Ако од Брисел одлучат да продолжиме на патот, ќе бидеме среќни, но ако не одлучат нема да бидам несреќен. Инаку, секоја земја во ЕУ може да има свои моменти на дисконекција со остатокот од европското семејство, но како што рече Зоран, ова не е меѓу Северна Македонија и Европа, туку меѓу Северна Македонија и Бугарија“, додаде Рама.

Тој потоа се осврна на соработката со Македонија и на разговорите со Заев.

„Јас и Зоран немаме никакви разлики, а ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука. Напредокот ќе продолжи со сите сили зашто не е наметнат од надвор туку наметнат од нас внатре. Прогресот ќе продолжи бидејќи сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на ЕУ кон нас. Сите земји треба да бидат спремни да туркаат напред", рече албанскиот премиер.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе