Заев и премиер и министер за финансии, Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски се новите министри

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

„Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки“, изјави Заев.

Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата. 

Во однос на смената на директори, Заев, рече дека веќе следната недела ќе излезат со промена на другите кадровски решенија во извршната власт, посочувајќи дека во централната власт очекува смена на околу 20 места.

„Верувам дека тоа како процес ќе успееме заедно да го завршиме до крајот на овој месец, затоа што при крај се конечните анализи и разговори со луѓето. Очекувам до крајот на месецот да ги заокружиме сите кадровски промени во извршната власт“, изјави Заев.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе