По големата автобуска несреќа

Повредените се во стабилна состојба - Заев, Филипче и Османи отидоа во болницата „Пирогов“ во Софија

Премиерот Зоран Заев и министрите за здравство и за надворешни работи Венко Филипче и Бујар Османи, заедно со техничкиот шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев, утрово влегоа во болницата „Пирогов“ со цел да разговараат со преживеаните патници од автобусот во кој изгореа 46 патници од Македонија. Министерот Филипче изјави дека сите седум повредени патници од автобусот во кој загинаа 46 лица, се во стабилна состојба и не им е загрозен животот. „Животот на ниту еден пациент  не е загрозен“, изјави директорот на болницата проф.д-р Иван Поромански.

Станува збор за повреди, контузии, кои се одлично третирани од лекарите, само еден од повредените има скршеници, рече Филипче, кој изрази благодарност до бугарскиот премиер Јанев, до директорот на болницата и до лекарите и целиот тим на болницата во Софија.

„Страшна трагедија се случи, загинаа 46 лица, 12 се деца. Бугарските власти брзо реагираа, премиерот Јанев пристигна на местото на несреќата и затоа сме благодарни. Ќе бидеме во контакт, со цел натамошен третман на повредените и нивно преземање на лекување во Скопје“, рече Филипче. 

На новинарско прашање Филипче рече дека има повеќе членови на едно семејство и од тоа семејство најмладиот член е девојка на 16 години, додека другите се постари од 40 години.

Министерот Османи рече дека станува збор за огромна трагедија.

„Голема трагедија, овдешните власти брзо реагираа, станува збор за 53 граѓани државјани на Северна Македонија што патувале од Истанбул за Скопје“, изјави Османи.

Несреќата се случила околу три часот утрово, кога во оган изгоре македонски автобус. Според бугарското обвинителство, несреќата ја преживеале седум патници.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе