На заедничка маса во Собрание

Заев и Мицкоски во вторник ќе разговараат за Законот за ЈО, а веројатно и за предвремени избори

Претседателите  на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во вторник ќе седнат на заедничка маса во обид да постигнат финален договор за новиот закон за јавно обвинителство и за судбината на СЈО, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски досега ги избегнуваше поканите за средба со Заев, условувајќи го своето присуство со разговори за вонредни избори, но сега се согласил во вторник да дојде во Собранието и да се види со политичкиот противник.

Мицкоски вчера попладне, во разговор за ТВ Алфа, изјави дека тема на престојната лидерска средба нема да биде само законот за јавно обвинителство, туку и закажување предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека може и треба да се отвори дебата за вонредни избори, ама дека централна тема на престојната лидерска средба е законот за јавно обвинителство.

 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе